Повторна злоупотреба на европското знаменце и ова стана секојдневна пракса. Оваа власт покажа кршење на законите, непочитување на правото и склучува договори спротивни на законската регулатива. Така да и овој договор со Бехтел и Енка е склучен врз основа на непостоечки законски одредби, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.
Таа појасни дека договорите треба да се во согласност со законот а не обратно.
– Со предвидените измени во законот, се предвидува да се започне со урбанистички проект, наместо планска документација и ова е недозволиво. Ваквото законско решение за урбанистичко планирање е спротивно на законските и уставните норми. Законите не смее да се менуваат заради одреден проект, рече Бакраческа.
Додаде и дека комората на овластени архитекти и инженери искажаа став дека процесите за урбанистичко планирање, проектирање, возобновување и изградба не смее да отстапуваат од пропишаните прописи и не смеат да бидат тие заобиколени
– Тие ја искажа загриженоста дека власта носи закони под превезот на европското знаменце, спротивни на европските вредности. Правниците исто така изразија загриженост за степенот на усогласеност на македонското и европското законодавство. Се нанесува штета на евроинтеграцискиот процес на Македонија, изјави Бакраческа.
Потенцираше дека негативностите ќе бидат нотирани во следниот извештај на ЕК бидејќи вакви закони се носат по скратена постапка.
– Со законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ се овозможува при изградба на коридорите да бидат легализирани и обесштетени дивоградби кои сега ќе бидат изградени. Нелегалните објекти ќе вредат исто колку и законски изградени објекти. Тоа значи дека во наредниот период може да никнат многу дивоградби, рече Бакраческа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.