Алијанса за Албанците на вчерашната прес-конференција побара одговорност од Владата и МВР затоа што нема Албанци во полициската единица „Тигар“. Албанската опозиција сака да ги дознае причините за етничката дискриминација на Албанците во оваа единица, обвинувајќи ја ДУИ дека е виновна зашто нема полицајци Албанци.
Наим Бајрами од партијата рече дека со тоа што не се примаат Албанци, „Владата автоматски ги третира Албанците како терористи“.
Бидејќи „Тигрите“ се нарекуваат антитерористички единици, ја прашуваме Владата и ресорното министерство дали Албанците на кои им забранувате учество се третираат како терористи или неспособни и несакани за оваа земја?, рече Бајрами од Алијанса за Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.