Потпретседателот на Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села – Елми Азири на Тв24 рече дека има институции кои треба да ги разрешат физичките партиски пресметки.

Во Алијансата имаше во последно време една екскомуникација од страна на претседателот со структурата на партијата, вели тој.

Во тој период, претседателот имаше секојдневни средби со други други политички чинители од т.н. албанска опозиција, со политички претставници надвор од државата, но не најде време да се сретне со нас. Ние неколкупати повикувавме да ги повика сите органи на партијата на разговор за сите случувања во овој предизборен период. Тој реши преку Фејсбук да објави дека земал став како Алијанса за Албанците да делуваат на следните парламентарни избори. Како резултат на тоа, претседателот на Собранието на партијата – Зијадин Села, повикувајќи се на статутарните одредби, свика Централно собрание кое ќе се одржи в сабота во Скопје. Формално, Таравари се уште е претседател на Алијанса. Во ноември, централното претседателство гласаше став за самостојно настапување на изборите и за тоа гласаше и Таравари – рече Азири.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.