Приоритет за ЕУ се реформите, но патот кон ЕУ ќе се отвори само со уставните измени, рече заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во гостувањето во Телма телевизија. Таа рече дека веќе нема простор за калкулации и веднаш треба да се формира работната група за уставните амандмани.

Влада носи државнички одлуки, а прифатениот француски предлог е преточен во преговарачката рамка, која не може да се менува. Верувам дека разумот ќе постои кај сите 120 пратеници. Верувам дека ќе се одважат кога ќе дојдат нацрт-амандманите во законодавниот дом, рече Аврамовска Мадиќ.

Работната група за измени на Уставот треба да биде формирана до крајот на следната недела. Приоритет на оваа работна група ќе биде внесувањето на Бугарите и другите заедници во Уставот, но има простор и за дебата за прашањата кои постојано се појавуваат секогаш кога има најави за измена на Уставот, рече вечерва во Топ тема заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ.

Таа рече дека веќе се разговара со еминентни професори по уставно право во консултација и координација со Министерството за правда, Владата и претседателот на државата.

Тоа се познати експерти кои во држававва веќе придонеле во измена на Уставот, учествувале веќе во такви работни групи и кои најдобро знаат што е она сега најдобро за Македонија. Во моментов единствен фокус и цел на оваа работна група ќе биде Преамбулата и внесувањето на Бугарите и останатите заедници, рече Аврамовска – Мандиќ, свесна дека секогаш кога се отвора Уставот, почнуваат да се отвараат и „други одредени теми“. Таа ги повика граѓаните да имаат верба во овој процес.

Во моментов се носи една државничка одлука. Никаква штета нема да се нарпави со внесување не само на Бугарите, Црногорците, Хрватите и другите заедници. Мора да напоменам дека кога пристапуваме кон уставни измени правиме компаративни анализи. Еве го Уставот на Хрватска и во него се и Македонците. Дали Хрватска има штета што ги внела Македонците во Уставот, праша Аврамовска – Мадиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.