Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вчерашниот инцидент во Општина Чашка во кој телевизиската екипа на Алсат-М беше спречена да го сними протестот против воведување паралелка на албански јазик во основното училиште, како и да влезе во објектот на општината.

На новинарите и на медиумите мора да им се овозможи слободен и непречен пристап до сите настани, имајќи ја предвид нивната круцијална улога во информирањето за прашања од јавен интереси и во обезбедување транспарентност и одговорност.

Агенцијата како и досега потсетува дека секое попречување на работата на медиумите претставува директно загрозување на слободата и правото на информирање.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.