Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесе тужба против Министерството за администрација и информатичко општество затоа што подолг временски период го прекршува Законот за ААВМУ така што на агенцијата и на другите корисници им префрла помалку средства од законски предвидените, сооппшти директорот на агенцијата, Зоран Трајчевски.

– Со измените на законот кои стапија во јули 2023 година точно се знаат средствата за АВМУ, МРТВ и Национална радиодифузија. Спротивно на заонската обврска, МИОА префрлува помалку средства од законски пропишаните. За последните шест месеци има добиено 80.000 евра помалку, за јануари имаме добиено речиси 20.000 евра помалку. Оваа состојба трае со години затоа што МИОА го користеше дискреционото право и префрлуваше помалку средства. Со измените на Законот за ААВМУ од 2018 година се пропиша дека за МРТВ, Македонска радиофизуција и за АВМУ ќе се обезбедуваат од Буџетот средства во висина од 0,8 до 1% од реализираните приходи од годината која претходни на фискалната година. Средствата беа преполовени поради дискреционото право на 0,5%.

Со измените од јули 2023 година беше укинато дискреционото право и АВМУ треба да добие 5 отсто. Предлагач на овој закон е МИОА против кого сега поднесуваме тужба.

Усогласувањето на македонската легислатива беше услов за овозможување пристап до програмата Креативна Европа 2021-2027 чиј буџет изнесува 2,5 милијарди евра. Од нив 1,58 милијарди евра се наменети за медиумите. Со непочитувањето на законот ќе им се скрати на македонските медиуми пристап до овие пари – рече Трајчевски.

Тој додаде дека Јавниот сервис, МРТВ исто така ќе поднесе тужба против МИОА затоа што средствата кои му се кратат се далеку поголеми од средствата за АВМУ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.