Maкедонска Модерна“ е движење кое ќе се обиде да изнедри една нова политичка сила за да влијае на политичката сцена во државата.Имаме стратегија, имаме луѓе, идеи и мислиме дека и ќе мора да ги оториме сите важни прашања и да видиме што се случуваше овие 30 години и да видиме каде оди државата во наредните години.

Владата и оние што имаат моќ не ни нудат решение,објаснува Петар Атанасов основач на новото движење наречено „Македонска модерна“.

Сакаме да понудиме решенија и да ги отвориме картите и да влијаеме врз начинот на кој се одвиваат работите во државата.Не сме задоволни од функционирањето на системот, како се трошат парите.Мораме да научиме да соработуваме.Не може две-три партии да бидат по вокација непријатели, да се борат на избори и после изборите таа партија што победува да владее неодговорно и бескрајно.Нас институциите ни се испразнија, политиката еродираше.Оваа влада и овие пет години не се добар начин на владеење.Сакаме да го јакнеме политичкиот центар и да ги обединиме сите оштествени сегменти и луѓе со идеи-вели Атанасов во интервјуто за „Република“.

Тој вели дека ќе ги разубеди оние што мислат дека нема место за нова политичка опција.

Ние сакаме да направиме нова политичка опција, не трета политичка опција.Очигледно е дека од овие две главни опции кои постојат нема соработка, не одиме напред.Колку пати имавме избори за 15 години и подобро ли живееме?, подобора ли е државата-прашива Атанасов.

Тој смета дека политичкиот центар е празен и затоа има место за нова политичка сила но знае дека нема да биде лесно но оти сакаат да видат луѓе со идеи и со име и презиме.

Атанасов вели дека се големи шансите да учествуваат на следните избори и да освојат повеќе пратеници, секако не сами.

Тој не ја исклучува можноста за соработка со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој формираше слично движење.

Со Димитриевски добро се познавам ние сме и пријатели.Тој во моментов е најпопуларниот политичар во државата.Но за да се освои власта и да се влезе во Парламентот треба малку посериозен пристап и мислам дека можеме тоа да го направиме.Димитриевски беше сам против својата долгогодишна партија и успеа.

На Атанасов како поранешен министер за образование болна тема му е состојбата во образованието каде владее хаос како никогаш до сега.

Хаосот во образованието се случува бидејќи образованието никој не го води, нема стратегија и не се знае каде оди.На образованието му треба тим кој знае каде го носи.Во овој момент нема согласност за големи реформи во ниту една политичка сила.Владата и министерството за образование подготвуваат измени на законот за високо образование од 2018 година кој е катастрофален кој повторно ќе го врати универзитетот многу години наназад и кој е обид на мала да се врати моќта на ректорите-објаснува Атанасов.

Атанасов подетелно се осрнува на проблемите во обрзованието.

Учениците учат од скрипти затоа што системот не работи добро и не функционира.Начинот на кој се избираат министрите на вакви сектори не ни носи квалитет ниту прогрес.Недозволиво е министерот да не го познава секторот.Недозволиво е да поминат три четрири месеци министерот да се запознава со секторот.Во образованието владее хаос и внатре во образовниот процес луѓето се немотивирани, незадоволни, децата не учат, родителите се незадоволни и нашите деца легнуваат и стануваат со тоа да избегаат од државата.Ние не направивме обид да им го направиме помодерно образованието-набројува поранешниот заменик министер.

Атанасов го критикува и телото за реформи во образованието.

Од овие што го расипуваат образованието не можат да го поправат-јасен е поранешниот министер.

Со Атанасов ги отоворивме и политичките теми и она што е најактуелно,уставните измени и односот со Бугарија.

Ние како држава мора да ги решаваме проблемите.Проблемот со Грција прескапо го плативме.Проблемот со Бугарија не троши а второ ни создава политички немир и фрустација и трето не се гледа крајот.Го делам ставот на опозицијата дека не може резултатите од историската комисија да ни бидат услов да одиме понатаму.Ова што се случува со историската комисија е уцена.Во однос на внесувањето на Бугарите во преамбулата е што дозволивме на Софија да отиде во Брисел со документ на кој пишува дека 140.000 Македонци се го бугарска свест и корени и тие ги претставува како Бугари од Македонија.Пописот не го покажа тоа.Мораме јасно и гласно да отидеме во Брисел и да кажеме-до тука може до тука не може.За мене последната летвичка е дека ние од 1893 година до сега нема за што да преговараме со никого.Имаме историска генеза, имеме корени и тоа што сме го создале на кого треба да го дадеме? прашува Атанасов во интервјуто.

Тој е убеден дека историската комисија внесе најголем раздор во општеството.

Се согласувам со изјавата на лидерот на опозицијата дека не можеме да бидеме уценувани за се и сешто.Ние не можеме на секои шест месеци да решаваме историски прашања.Бавејќи се со овие прашања ги заборавивме проблемите во државата. Во оваа држава не се решение основните проблеми на граѓаните, здравството, образованието, стандардот, вработувањата.

Тој смета дека не мора да се исполнуваат сите желби на Брисел.

Не мора директивите да земеме и да ги фотокопираме.Мора да се научиме да преговараме за нашите интереси и она што е за нас добро. Велиме правиме скрининг, мислам дека имаме подобро законодавство од Бугарија и Романија па дури и од Хрватска пред да почне да преговара.Не треба слепо да извршуваме она што бара Брисел од нас туку мора да ги кажуваме нашите интереси.Тешко ни оди со Брисел и мислам дека Владата не ги контролира процесите, се мачи, трча по проблемите.

Атанасов е оптимист дека има надеж за Македонија.

Се надевам дека има.Нема да биде лесно.Сите ќе мора да се менуваме по малку.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.