Индустриската зона Визбегово станува коцкарски центар на Македонија, обвинуваат од Албанскиот опозициски фронт составен од партиите Алтернатива, Движење Беса и Демократско движење, додавајќи дека индустриската зона, која еснафите макотрпно ја развиваа со децении, Артан Груби преку ноќ ја претвора во центар на валкани бизниси!

Лотарија на Македонија, која ја водат најблиските луѓе на Артан Груби, наскоро се очекува да се пресели во индустриската зона Визбегово во Скопје. Меѓународниот медиум Радио Слободна Европа соопштува дека Лотарија склучила договор за користење простор токму овде во зоната Визбегово каде што се наоѓаме и денес, и ќе продолжи да функсионира во овој дел од градот во наредните 10 години.
За оваа намена од буџетот веќе се издвоени 2,6 милиони евра. Всушност, во април годинава, објектот и просторот околу него беа купeни од фирмата „Хеј дооел“, основана во февруари годинава, со управител Армин Машовиќ, поранешен партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“ , за кого во медиумите се информираше дека е близок со семејството на Али Ахмети. Така, Лотарија ќе се позиционира покрај патот Скопје – Блаце, каде веќе функционираат неколку казина, чиј број од ден на ден се зголемува. Индустриската зона Визбегово, најверојатно, ќе се претвори во Лас Вегас, а овој план го спроведуваат Артан Груби и ДУИ. Ако до вчера имаше дилеми зошто барањата на албанските бизниси од оваа зона беа тотално игнорирани од ДУИ и нејзините функционери, сега се станува јасно. Тие имаа друг план на ум за оваа зона. Да го направат центар за коцкање! Оваа зона, која чесниот албански бизнисмен, еснафите, ја градеа со децении, Артан Груби и ДУИ преку ноќ решија да ја претворат во зона на казина, брзи кредити, хотели и мотели. Оваа зона, која досега се слушаше само за позитивни вести, за успешни приказни, Артан Груби реши да ја направи зона на проблеми, убиства и валкани работи, бидејќи казината носат такви последици! Не зборуваме за гласини. Зборуваме за факти! Алчноста на Артан Груби и ДУИ за пари нема крај! Ова зло мора да заврши, а за ова ни треба вашата помош, помошта од граѓаните! Да ставиме Стоп на дегенерацијата на се што има вредност, навистина Артан Груби уништува се што ќе допре! Граѓаните веќе се свесни за ова и жестоко ќе го казнат ова зло!, велат од албанската опозиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.