Бујар Османи вчера кажа дека помеѓу Бугарија и Македонија има документ кој е основа за договор меѓу двете држави кој што македонската страна го прифаќа и еве јавно во името на граѓаните на државата, во името на интересот на сите, повикуваме да го обелоденат тој таен документ и да кажат јавно што содржи, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција
Арсовски прашува дали владата на Димитар Ковачевски оди по стапките на претходникот Заев и се откажала од идентитетските обележја, историјата и јазикот?
За ова треба да дадат одговор денес, а не да молчат и да кријат цело време Зошто тој документ е таен и што има владата да сокрие од македонската јавност? Доколку се е како што велат во интерес на граѓаните зошто би го криеле, вели Арсовски.
Тој истакна дека криењето со право отвора сомнежи дека се спрема ново предавство.
Тоа нас ни дава право и како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните да се сомневаме дека се подготвува ново предавство на штета на националните и државните интереси и тоа за нас потенцираме дека е неприфатливо и ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати таков штетен договор, нагласи Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.