Трет ден молк и трет ден ни трага ни глас од СДСМ во врска со случајот за адвокатското друштво на нивната пратеничка и претседателка на форумот на жени, Калеска-Ванчева. Тоа што молчат значи дека потврдуваат дека нивната пратеничка инкасирала 55.000 евра од државните институции кои ги раководеле кадри на СДСМ“, вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Молчат и не негираат бидејќи се свесни дека се фатени со рацете во медот, па велат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ биле разочарување. Вака, не се покрива скандал. Зошто, затоа што работат по 20 часа на ден и затоа што не ѝ даваат паушали од општините и јавните претпријатија на Калеска-Ванчева? Најверојатно затоа мислат дека се разочарување.
Не, напротив, не се разочарување, туку се пример како треба да се водат и раководат институциите.

Замислете, колку е неетички и лицемерно и срамно, да продаваат памет во јавност, да сеат ветер и магла овие лица од СДСМ кои секојдневно ги гледаме, кои што ги крадат граѓаните и државата, да говорат за правна држава, некорумпиран систем и како тоа треба, како тие практично се чесни, а од друга страна гледаме дека ѝ се смеат на целата јавност и држава во лице преку вакви случаи и скандали каде што инкасираат нивните функционери и нивните фирми пари од државата и од јавните претпријатија, односно локалната самоуправа додека биле под водство на СДСМ.

Пет институции кои ги воделе кадри на СДСМ, блиски до Калеска-Ванчева, блиски до Зоран Заев, блиски до сегашниов Димитар Ковачевски, платиле на адвокатското друштво на Калеска-Ванчева една од најгласните пратенички во Собранието која го брани криминалот на Владата на СДСМ, а никој од нив сѐ уште никаква реакција нема до јавноста, во најмала рака барем да се извинат.

Значи кога се даваат пари на луѓе блиски до СДСМ и функционери од СДСМ тоа е чесно и етички, а во секој друг случај каде што парите не завршуваат во џебот на СДСМ, тоа не е во ред и е проблем.

Директорите од СДСМ го ангажираат друштвото на Калеска-Ванчева и му плаќаат 55.000 евра. Толку пари обичен човек или адвокат на толку лесен начин не може и нема можност да заработи ниту за два животи. Напротви, обичниот човек и обичните адвокати кои немаат вакви повластувања, треба да се откорнат од работа за да заработат.

Но, затоа овие од СДСМ можат на едноставен и лесен начин.

Сакаме јавно да ги прашаме СДСМ:

Дали овие 55.000 евра се единствените пари што ги инкасирало друштвото на Калеска-Ванчева додека се на власт или има и други институции каде што биле закачени на државна сметка?

Дали ќе чуеме некаква, било каква реакција, макар и извинување од повиканите директори и министер кој што бил во образование и наука од СДСМ, што им ги потпишале овие 55.000 евра или пак евентуално да чуеме било каква реакција од Калеска-Ванчева?

Антикорупциската комисија дефинитивно спие или евентуално не добиле инструкции дали смеат да отворат случај за овој предмет, а можат да отворат уште денес.

Ако на некој не му е јасно зошто сме на дното по индексот на корупција, тоа е затоа што не добиле сѐ уште антикорупционерите инструкција да отворат случаи за вакви работи и едноставно да ги средат и санираат.

На целата држава и јавност им е јасно како функционира антикорупциската комисија.

Дали можеби нивниот молк е затоа што корупцијата потекнува од таа институција?

Проценете сами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.