За се ова што се случува со Бугарија најголема вина има Заев кој направи отстапки. Бугарија го искористува дури Преспанскиот договор за да ни поставува услови. Пред Заев да настапи така дека ќе го реши проблемот со Бугарија, односите помеѓу двете држави беа релаксирани и немаше ваква нетрпеливост, изјави за „Само интервју“ на Канал 5, поранешниот пратеник Ламбе Арнаудов.
Тој посочи дека СДСМ го злоупотребува процесот и си зема право само да одлучува без да се консултира со опозицијата и граѓаните.
– Се потпишуваат договори затоа што се брза и не се соработува, една политичка партија узурпира право и доминантно одлучува за тоа. Не може граѓаните да се остават настрана да не одлучуваат за својата иднина и идната на своите деца. ВМРО-ДПМНЕ доколку беше власт ќе подадеше рака и заеднички ќе се одлучуваше, изјави Арнаудов.
Тој посочи дека тешко ќе се дојде до договор со Бугарија ако се прифатат нивните услови затоа што се негира јазикот, народот, но и територијата на Македонија.
– Бугарија не негира дека главен услов им е територијата на Македонија. Околу непризнавањето на јазикот, и се она што претставува македонски атрибут. Дури и некои бугарски политичари тоа го ставија до знаење. Дури и бугарскиот народ кој не го изедначувавме со политичките елити со вешта пропаганда се има свртено против Македонија, нагласи Арнаудов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.