Поранешниот директор на Финансиска полиција Арафат Муареми од СДСМ премина во ДУИ.
Почитувани семејства, пријатели, колеги и сите вие добронамерници, сакам да ве информирам дека по многу дискусии и анализи решив да се приклучам на Европскиот фронт, со една цел, најдобрата иднина на нашата земја. Имам целосна верба во моќта на мислата на непобедениот лидер низ годините, г. Али Ахмети! Ги повикувам сите истомисленици во поддршка, да им дадеме глас на нашите цели да триумфираме и да ја движиме оваа земја напред!, објави Муареми.
Муареми, кој беше директор на Финансиска полиција поднесе оставка по „војната“ со шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Обвинителките на шефицата на ОЈО ГОКК Вилма Русковска влегоа во Финансиската полиција да прават претрес.
Муареми поднесе и кривична пријава против Русковска.
По меѓусебните обвинувања и преписки, Русковска беше суспендирана, а Муареми се повлече од функцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.