СДСМ и Ковачевски молчат, а со тоа ги одбиваат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за градење национално единство.
СДСМ најпрво одби гласање на Декларација за ликот и делото на Гоце Делчев во годината кога се одбележуваат 150 години од неговото раѓање. Сега, уште посимптоматично СДСМ и Ковачевски одбиваат да дадат писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја. Овие гаранции Ковачевски треба да ги прифати и да ги даде прво пред својот народ, а потоа истите да ги застапува и брани пред Брисел и Бугарија, напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму напоменуваат дека навистина е апсурдно Ковачевски да дава гаранции на Петков и на Бугарија, а да на даде гаранции пред својот народ.
Ваквите гаранции не само што ќе бидат израз на национално единство и зајакнување на државните позиции, тие во исто време ќе бидат гаранција дека Македонија нема да биде стопирана на својот европски пат со апсурдни пречки.
Но, за жал, молкот на СДСМ и Ковачевски покажуваат дека се спремни за пазарење кое ќе доведе до идентитетско обезличување. Ако сега Ковачевски прифати негаторски позиции на Софија да станат дел од преговарачката рамка на Македонија, тогаш тоа значи отворена врата за продажба на идентитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.