Апелациониот суд му одговори на Кривичниот суд во врска со враќањето на предметот „Организатори за 27 април“ поради пропусти. Апелација смета дека судовите не смеат да си лоцираат вина еден во друг, а дека на Апелација е да дава напатствија кон првостепениот суд, а не обратно.
„Ставот на Кривичен суд е нивни. Но, против одлуката на Апелација – нема што да се изразува став. Судовите не можат да комуницираат на тој начин, да лоцираат вина еден во друг. Апелација по закон има овластување да донесе пресуда односно решение, да укине пресуда, да даде напатствија, да образложи“, велат од Апелација.
Претходно, Кривичниот суд го впери прстот во петорката судии од Апелација кои ја укинаа пресудата и го вратија на судење предметот.
Од Кривичен се надоврзаа на изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, кој посочи дека за одредени судии пропустите со суштествени повреди стануваат пракса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.