Поради ризици од политичка поврзаност, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да отвори предмет во врска со градежната фирма „Еуровиа“ која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи од 1,8 милиони евра за реконструкција на салата „Борис Трајковски“.
„ДКСК утврди дека во конкретниот случај постојат елементи за наделжно постапување на Комисијата и од аспект на материјалноста бидејќи се работи за високи износи, но и за ризици за политичка поврзаност“,изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, за телевизија Телма.
Фирмата од тетовско Желино, чиј извршен директор е Елмедин Адеми – роднина на поранешниот министер од редовите на ДУИ, Абдилаќим Адеми, е избрана меѓу четирите компании што се пријавиле на тендерот. „Еуровиа“ ја доби јавната набавка од 1,8 милиони евра за адаптација на салата „Борис Трајковски“ за претстојната конференција на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје во декември годинава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.