Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го разгледува случајот со разрешувањето на Ванчо Богоев од позиција в.д. директорот на МКЦ и поставувањето на негово место лице кое по професија е детектив. Како што вели претседателката на антикорупциска Билјана Ивановска во изјава за ТВ 24, ќе се разгледуваат сите елементи од овој случај и во наредниот период ќе одлучат дали ќе отворат предмет по сопствена иницијатива.
Според првиот човек на антикорупционерите, решението на проблемот со контроверзните директорски вработувања е во носење на закон за висока раководна структура, согласно кој ќе се бираат и директорите.
-Постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири. Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција – стои во соопштението од Програмскиот колегиум.
Ова се случува и покрај признанието, кое, како што велат од Програмскиот колегиум на МКЦ, дојде како круна на работењето со наградата „13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50-годишниот јубилеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.