Постои основано сомневање за влијание од пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски за вработување на неговата сопруга во МНР, но бидејќи немало други кандидати, Антикорупциска не може да го утврди потенцијалното влијание и нема законска можност за понатамошно постапување, е одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата, донесена на 25 април годинава.

Но, сепак, бидејќи Костовски не го пријавил во ДКСК вработувањето на својата сопругата платил глоба (која се движи од 300 до 500 евра) за што приложил уплатница.

Вработувањето во Министерството за надворешни работи на сопругата на пратеникот Костовски го обелодени ВМРО-ДПМНЕ во септември минатата година, а тогаш министерот Бујар Османи изјави дека таа е преземена од друга институција во Куманово и според него, била компетентен кадар.На истата седница во април, Антикорупциска го разгледувала и предметот со вработувања на поранешни и кандидати за градоначалници на СДСМ во Министерството за внатрешни работи.

Според образложението, бидејќи лицата се вработени во постапка без јавен оглас, согласно член 76 од Законот за внатрешни работи, постои основано сомневање за партиско влијание од СДСМ за вработување на поранешните градоначалници од таа партија во МВР, во 2021. Но, Комисијата немала надлежност за понатамошно постапување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.