Од распишувањето на изборите Антикорупциска има формирано 45 предмети поврзани со изборна корупција. Најголем дел од нив се однесуваат на постапките поврзани со работни односи, вработувања и отпуштања, а има и случаи на злоупотреба на службени автомобили, предвремено започнување на кампањата и изградби.

Првиот човек на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска во интервју за Радио Слободна Европа вели дека само половина од институциите ја исполниле законската обврска да ги презентираат службените возила на оваа институција. За останатиот дел, Антикорупциска ги известила институциите кои избираат и именуваат функционери бидејќи законот не предвидува санкции.

Од оваа бројка, 45 предмети кои се однесуваат на постоење на сомневање за сторени прекрашување во изборниот процес, офоремни се 21 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на врботување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос.

Четири предмети се однесуваат за постоење, сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети.

Во однос на изградба, односно реконструкција на објекти, еден предмет. И во однос на злоупотреба, сомневање за злоупотреба на користење на службено возило, еден предмет. Останатите 12 предмети се однесуваат на активности за предвремено започната изборна кампања, дополнително ангажирање на вработени лица од државни институции за потребите на изборната кампања.

Исто така, ДКСК по сопствена иницијатива оформи два предмети. Едниот предмет се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана. Едниот предмет беше оформен за набавка на медицинските возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.