Да се укинат вработувањата по етничка припадност, бара антикорупциска. Тврди дека законот се злоупотребува, а за тоа институциите молчат. Според комисијата за спречување корупција, кандидатите лажеле за својата етничка припадност само да го добијат вработувањето. Така, двајца се вработиле и во антикорупциска, јавува Сител.

Еден кандидат аплицира на пет работни места и на три работни места во истиот оглас се изјаснува различно, онака како што се бара во огласот. Еднаш македонец, па Албанец, па Ром. Другиот кандидат, се изјаснува како Турчин. По проверка на сите податоци, произлегува дека тие се актуелно вработени во јавниот сектор и веќе еднаш се изјасниле за својата етничка припадност, едниот како Македонец, другиот како Албанец“, изјави Нури Бајрами, член на ДКСК.

Од антикорупциска твдат дека тие не се единствени случаи кога кандидатите менуваат етничка припадност за да го добијат работното место. Такви информации имал и директорот на Агенцијата за администрација.

Го повикувам јавно да излезе и каже, бидејќи имаме слушнато за вакви злоупотреби, но, ако знае повеќе, добро би било да ги каже јавно, за да се освести и политиката и сите носители на јавни функции, дека ги тераме луѓето да се понижуваат и да лажат за вработување“, изјави Бајрами.

 

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.