Македонија ѝ донира тенкови од советската ера на Украина, потврди македонското Министерство за одбрана, од каде што велат дека планираат да ја модернизираат сопствената армија за да ги исполнат стандардите на НАТО.

Од Министерството соопштија дека Владата одлучила одреден дел од овие тенковски капацитети да ѝ бидат донирани на Украина во согласност со потребите на таа земја.

Од тука не го соопштија бројот на тенкови што ќе ги донираат, но изјавија дека припаѓаат на т.н. трета генерација, а со оглед на развојот на технологијата, неконкурентни и некомпатибилни.

Од Министерството информираа дека дополнително во наредниот период би требало да се трошат и ресурси за уништување на тенковите, што, според нив, е нецелисходна активност за нашата Армија.

На социјалните мрежи денеска се споделува видео на кое може да се види транспорт на тенкови, а се наведува дека е снимено во Крива Паланка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.