Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори што ќе се одржи на 24 април. Според резултатите од анкетата изработена од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), презентирани во емисијата „Објектив“ на МРТ1, ќе има и втор круг (на 8 мај), а во него, покрај кандодатот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде и тој на СДСМ.

Во бројки, резултатите од анкетата покажуваат дека за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 20,2% од гласачите, додека за СДСМ својот глас ќе го дадат 11,5%. На трето место ќе биде кандидатот на ДУИ (6,3%), по што следуваат Европскиот сојуз за промени (ЕСП) со 4,7%, Левица (3,3%), ЗНАМ (3%) и Алијанса за Албанците (2,2%)

Тоа што внесува неизвесност во трката за претсеател е големиот процент од граѓани коишто одговориле дека нема да гласаат за никого (15,7%). Не сакале да одговорат 11,5%, додека 11,2% не знаат или немаат одговор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.