ВМРО-ДПМНЕ ќе освои речиси двојно повеќе гласови во однос на СДСМ во ИЕ2, покажуваат резултатите од Анкетата на Институтот за Политички Истражувања Скопје (ИПИС), презентирани во емисијата „Објектив“ на МРТ1.
Анкета изработена за МТВ1 е спроведена телефонски.
Според податоците добиени од анкетата, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 19,4%, додека за СДСМ 10% од гласачите. Трета е ДУИ со 6,5%, а веднаш зад неа Европскиот сојуз за промени (ЕСП) со 5,5%. Следуваат ЗНАМ со 4,5%, Левица со 3,8% и Алијанса за Албанците со 2% од гласовите.
За ниедна партија нема да гласат 22% од испитаниците, не знаат 11,5%, а не сакале да одговорат 13,8%.
ИЕ2
ВМРО-ДПМНЕ 19,4
СДСМ 10%
ДУИ 6,5%
ЕСП 5,5%
ЗНАМ 4,5%
Левица 3,8%
Алијанса 2%
Не знам 11,5%
Не сакам да кажам 13,8%
Ниедна 22%
Во емисијата се презентирани податоците и од ИЕ6 каде што ќе се води главната битка меѓу партиите на етничките Албанци.
Во оваа Изборна единица, води ДУИ со 17,9%, а многу близу зад неа е ЕСП за која се изјасниле 16% од испитаниците. ВМРО-ДПМНЕ е трета со 8,1%, пред Алијанса со 7% и СДСМ со 4,4%.
Во ИЕ6, 20% нема да гласаат за ниедна партија, 17,6% не сакале да одговорат, додека 6% не знаат за кого ќе гласаат.
ИЕ6
ДУИ 17,9%
ЕСП 16%
ВМРО-ДПМНЕ 8,1%
Алијанса 7%
СДСМ 4,4%
Левица 0,7%
ЗНАМ 0,6%
Не знам 6%
Не сакам да кажам 17,6%
Ниедна 20%
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.