Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на Фејсбук објави слика од крстот на Попова Шапка на која се гледа дека е симнато албанското знаме кое вчера маскирани лица го поставија наместо црковното знаме на МПЦ. Тој напиша дека црковното знаме ќе биде вратено секој миг, а ги повика албанските партии и лидерот на ДУИ Али Ахмети да го осудат вандалскиот чин.

„Албанското знаме не е повеќе на јарболот во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка. Црковното знаме ќе биде вратено во секој миг“, напиша Ангелов и потврди дека лицето кое го симнало знамето е приведено.

Брзата реакција на институциите но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост. Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори.

Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба. Затоа го повикувам лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин“, се вели во објавата на Ангелов на Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.