„Во ноември месец Крешник Бектеши од позиција на министер велеше немаме енергетска криза, а го слушам вчера премиерот вели ние во ноември знаевме дека има енергетска криза и затоа така го проектиравме Буџетот. Да не повторувам и за датумот од 2018-тата година, само што не сме го добиле, еве го добивме и така натаму. И граѓаните не веруваат на таквите“, истакна Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Андоновски посочи дека потребно е Владата да излезе јасно да каже за што се преговара со Бугарија.

„Работните групи се однесуваат на се освен на прашањата кои што Бугарија ја интересираат, а тоа се националните прашања, овие т.н. 5+1, 4+2 итн. Да влезете во работна група, да се договарате за фудбал, затоа што тоа беше еден од договорите потпишан на ниво на спортот и младите, нема никаква потреба. Државата ја водат институциите, нема потреба ВМРО-ДПМНЕ да коментира нешто во делот на заштита на животна средина, на летот Скопје – Софија, или за Агенција за млади и спорт за што потппишаа договори. Државата треба да ја водат институциите, а Владата е лицемерна затоа што не не вклучи во преговорите кои што се однесуваат на клучните политички прашања. Бугарија нема проблем со македонскиот фудбалски клуб Вардар, Бугарија има сериозен проблем со македонскиот јазик, македонскиот идентитет, самостојноста на македонскиот народ“, нагласи Андоновски.

При своето излагање Андоновски се осврна и на пописот. – „Пописот особено во делот на политичките прашања е нелигитимен, затоа што му недостасува точност и комлетност. И тоа е затоа што над 132.000 граѓани резиденти во Македонија воопшто не се попишани и не ги знаеме одговорите на трите клучни прашања за нив во политичкиот дел, а тоа е националноста, мајчиниот јазик, и преферираниот јазик или етницитетот“, појасни Андоновски.

Андоновски додаде токму тоа во пописот креира проблеми, што не се знае воопшто ништо за 132.000 граѓани.

„И вториот проблем кој што е уште поголем е онаа кампања што се тераше во дијаспората за доброволно регистрирање и таа личи на фарса, затоа што таму не се регистрирани околу 400.000 луѓе кои што имаат македонски пасоши, но не учествувале во тој процес. Кога ќе се собарет овие бројки, тогаш над 500.000 граѓани ги немаат кажано основните параметри етнички односно политички параметри и тоа го прави пописот целосно некомплетен. Па, ако сакате да го гледаме во неговата целина тој попис има сериозни недостатоци кои што медиумите и денеска ги наоѓаат“, појасни Андоновски.

Андоновски посочи дека оттука не може да се заклучи дека овој попис е целосно добар, по европски стандарди, и додлично направен. Туку има сериозни недостатоци кои што креираат сериозна политички тензија и фрустрација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.