Ние имаме партнер во граѓаните, тие на анкетите кажуваат што мислат. Изборите ќе дојдат и на избори ќе кажат што мислат. ВМРО-ДПМНЕ во својата коалиција нема никаков проблем, проблем си има и СДСМ, тоа го видовме, а проблем има и ДУИ. Нашиот обид да собереме 61 за оваа влада да си замине е затоа што граѓаните го бараат тоа, и наша должност и обврска е како опозиција, ако не успее, доаѓаат изборите на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа – вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ
За уставните измени, Андоновски потенцираше дека во сегашнава ситуација и пратенички состав уставни измени нема да има, ВМРО-ДПМНЕ не подржува уставни измени под вакви услови.
– Во услови кога немате гаранции за вашиот идентитет, јазик, кога имате високи државни претставници, највисоките да велат дека македонскиот идентитет не постои, дека Македонија не постои како ентитет, дека македонскиот јазик е бугарски, а Македонците постојат од 1945, тогаш со што е гаранцијата дека ако се внесат Бугарите во Устав, ако следниот ден истите овие претставници се решат да не блокираат. Прво гаранции за македонскиот идентитет од ЕУ, на тој начин да бидат гаранции кои нема да ни го попречат европскиот пат, изјави Андоновски.
Андоновски посочи дека затоа се потребни избори и секој да си излезе со програма, а ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди план за излез од ситуацијата.
– Не сум сигурен дека ништо не може да биде променето. Имаше меѓународни фактори кои потпишуваа и излегуваа од меѓународни договори. Во нашава ситуација станува за билатерален договор кој влезе во рамката. Дали можеме овие две работи да ги раздвоиме и да не ни бидат кочница, рече Андоновски.
Во врска со можно коалицирање за влада Андоновски истакна дека сериозна опозиција ќе има следниов период во албанскиот блок, а не како независно дали и одговара да биде со ДУИ или не, еден ден се плукаат, и дека принципот победник со победник веќе не важи.
– Принципот победник на победник заврши во 2017 година и не постои и е надминат, треба да зборуваме за влада во која доверба ќе имаат граѓаните, оваа влада на пример нема таква доверба. Оваа влада на Ковачевски никој не ја гласал, тој не излегол на избори, никој не му дал легитимитет, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосниот легитимитет ќе го црпи од граѓаните, нагласи Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.