Пендаровски ќе се бори со Арбен Тарвари за место во вториот круг. Ова во дебатниот магазин Клик Плус го изјави меѓународниот секретар Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Мислам дека не му е загарантирано местото во вториот круг на Стево Пендаровски, осбено заради неговото често менување на ставови. Да задржеше еднаков став и конзистентност во неговите изјави од почетокот на мандатот до денес можеби ќе имаше сериозна шанса да биде дел од вториот круг, изјави Андоновски.

Според него анкетите покажуваат дека во вториот круг би одела професорката Дафкова со убедливо водство.

Водството би требало да се движи над 80 илјади гласови и јас велам зошто да не успееме да стигнеме и до 100 илјади гласови, додава Андоновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.