Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е во дводневна посета на Брисел, во рамки на активности на Европската народна партија. Како што соопштуваат од партијата, Андоновски присуствува на редовната седмица на Политичкото собрание на Европската народна партија, како подготовка за Конгресот на ЕПП во 2024 година и европските избори. Меѓу другото, Андоновски ќe присуствува и на настани во рамки на Неделата на младите на ЕПП, организирана на неколку локации во Брисел.

На средбите Андоновски ја истакна силната поддршка која ВМРО-ДПМНЕ ја дава на вистинското европеизирање на Балканот, преку воспоставување на јасна стратешка позиција на ЕУ кон регионот. Тоа стратешко позиционирање не смее да биде базирано на националистички барања, уцени, непринципиелни отстапки и национални откажувања. Европеизацијата на целиот регион мора да се основа на вистински европски критериуми и заедничка соработка, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Во рамките на настаните, Андоновски ќе оствари и билатерални средби со претставници на политичките партии од Европската народна партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.