По денешната средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ истакна дека на средбата се потенцирани ставовите на партијата дека преговорите со ЕУ треба да почнат веднаш.

Треба да почнат без било какви одлагања, условувања и предусловувања од било која страна. На македонскиот народ му е смачено од отстапки, правевме во 90тите, со промената на уставот неколку пати. Време е за решенија и затварање на вратата на ЕУ за Македонија. Време е ЕУ и Европскатра комисија да ги почне преговоорите, зошто нецелисходни се понатамошни отстапки, рече Андоновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.