Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка и член на ИК во ВМРО ДПМНЕ во емисијата 24 анализа вели дека до ВМРО-ДПМНЕ не е стигната покана за лидерска средба в понеделник.

До моментов не е пристигната таква покана и малку е симптоматично. Подобро е прво да се информираат политичките партии за времето, местот и агендата, а потоа да се информира јавноста. Кога ќе стигне таквата покана со дневен ред, ќе ја разгледаме. Ако тоа е дискусија за промена на Уставот, рековме дека тоа е крчма без крчмар. Таквата средба би била беспредметна и партијата нема тоа да го поддржи, вели Андоновски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.