Скандалот со пренесување во живо на тајната сесија на Комисијата за надзор на службите за безбедност не е единствената драматична работа која се случила денеска за време обидот да се дознае кој и зошто одобрил македонски пасош за човек на Путин.
Извори во една политичка партија тврдат дека на настапот пред Комисијата директорот на АНБ Виктор Димовски одговорноста за пасошот за Александар Онишченко кој е на црната листа на САД ја префрлал кај министерот за внатрешни работи, пренесува Експрес.мк.
Во СДСМ веќе извесно време се води тивка војна помеѓу две фракции за превласт во АНБ. Ковачевски сака да воспостави целосна контрола, но очигледно од внатре добива отпор. Шпекулациите се дека втората фракција ја раководи Оливер Спасовски.
Штетата од караниците во СДСМ е очигледна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.