Порнашениот заменик-министер од Демократскиот сојуз Зоран Димитровски во радиоинтервју објаснува дека министерот за надворешни работи Бујар Османи не бил испратен во Софија да го посети претепаниот Христијан Пендиков по наредба на премиерот туку дека Османи го сторил тоа „во дговоро со Американците“.

Во тој момент една од присутните го праша премиерот, добро зошто во тој случај го испраќате Бујар Османи во болница во Софија, да го види повредениот, да се извинува и така натаму. Премиерот тогаш ни одговори, не го испративме ние, ми се јави синоќа Бујар Османи и ми рече јас ќе одам во Софија, утре, и го прашал зошто одиш во Софија, па Османи му рекол ќе одам два дена на скијање во Боровец и ќе одам утре во Софија, да го видам Пендиков. Зошто ќе одиш да го видиш Пендиков? Настанот е малку контроверзен, го земаа со авион и така натаму. И добро зошто ќе одиш да го видиш Пендиков, сеуште не е расчистен случајот, имаме полициска истрага во која гледаме дека случајот е за дрога. Па Бујар Османи му рекол знаеш јас се слушнав со Американците, рекоа дека можеби е добро да го посетам заради тензиите да се намалат меѓу двете страни, кажа Димитровски.

Тој го коментира гестот на Османи како добар дипломатски потег, но нагласува дека ништо не го оправдува Османи да даде изјава во која што ќе каже дека му верува на семејството дека Пендиков е тепан заради тоа што е Бугарин без да каже и дека претходно дека имал кривична пријава за наркодилерство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.