Потпретседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска вечерва во „10 Минути“ на ТВ21 одговори на изјавите дека Алијанса за Албанците е заинтересирана за директорката функција во УЈП.

Амбициозни имало и ќе има, меѓутоа и шпекулации имало и ќе има, вели Лукаревска.

Таа смета дека имале одличен преговарачки тим, а целиот процес на преговори се одвивал во најдобар ред.

Имаме окрупнување на парламентарното мнозинство, клучната поентата на сето ова значи дека има поголем број на сили во рамки на Собранието, во рамки на парламентарните политички партии кои што ја поддржуваат европската агенда, рече Лукаревска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.