Мислам дека проблемот е многу поголем, во континуитет македонската дипломатија се соочува со проблеми. Голем број на значајни амбасадорски места не се пополнети. Пред се тука мислам на Вашингтон,САД како стратешки партнер број еден каде што четири години немаме амбасадор со заминувањето на претходниот амбасадор Васко Наумоски и нема именувано нов амбасадор, што е скандал само по себе. И тоа да се остави клучната македонска амбасада празна. Понатака останати битни амбасади се оставени празни. Имаме сериозен проблем со Бугарија со заминувањето на амбасадорот Марјан Ѓорчев исто така амбасадата во Софија е оставена празна, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на утринска емисија на Канал 5 телевизија.

Николоски додаде дека Белград на пример имаше огромен скандал со лицето кое што требаше да биде испратено.

И сега ова е врв на таа ледена санта кон која што удира македонската дипломатија. Затоа што низ еден не само пазар туку немање на никаков процес на селекција се номинираат лица какви што се номинираат. По мене најголем скандал е што процесот се води комплетно надвор од очите на јавноста, појасни Николоски.

Николоски посочи дека има индиции на кршење на Законот за надворешни работи, затоа што членот 49 кој што се однесува на упатување на конзули, кое што е едно дипломатско звање под амбасадорот, значи Македонија има амбасади и има конзулати, вели дека за конзул може да биде испратено лице кое што е висок дипломат во рамките на министерството за надворешни работи. А, што во случајов не е така. Или доколку не е така, по исклучок може да биде испратено лице кое што е високо афирмирано во јавноста и кое што е високо афирмирано во меѓународните односи што јавноста ќе се согласи секако дека не е ова лице кое што е предложено.

Аматеризмот оди дотаму што не ни знаат каде ја праќаат, имено велат дека ја праќаат во генералниот конзулат на Македонија во Њујорк, а од 2016-та година конзулатот на Македонија е преместен и не е веќе во градот Њујорк туку е во местото Тотова, Њу Џерси. И зошто се премести конзулатот беше затоа што во Њу Џерси има огромна македонска дијаспора, и идејата е тој генерален конзулат да служи на нашите луѓе кои што живеат во случајот Њу Џерси, полесно да извадат пасош, други документи, да можат полесно да си дојдат тука, да комуницираат со своите роднини и пријатели. Така што не ни знаат каде ја праќаат конкретнава госпоѓа. Што кажува за еден целосен распад систем. Таму и претходниот министер Димитров и актуелниот Османи се мераклии за медиуми, се мераклии за медиумска слава, сакаат брзи решенија во споровите кои што Македонија децениски ако сакате и вековно ги има и со Бугарија, прават решенија кои што се на штета на државата и пред се на македонскиот народ како мнозински, и на крај завршуваат со фијаско, нагласи Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.