На прашање дали доколку се договори Алијанса за Албанците да влезе во Владата, Алтернатива ќе го напушти кабинетот на Ковачевски или пак, дали ќе се согласи да отстапи некои свои министерски и други позиии, заедно со отстапките што би ги направиле СДСМ и ДУИ, од партијата на Африм Гаши за МКД.мк велат:
„Кој има проблем тој треба да ја поднесе цената за да си го реши проблемот“
Се додава дека со начинот на кој се разговара за процесот за влез на партијата на Таравари, само се разводнува блокот кој е за ЕУ – интеграции и се добива „дупло-голо“, ем нема двотретинско мнозинство, ем е нарушен проевропскиот блок партии.
Во однос на шепкулациите во медиумите, кои се повикуваат на владини извори, дека секој владин партнер ќе треба да отстапи свои позиции во државата и министерски функции кои ќе ги добие Алијанса за Албанците, при што меѓу другото се споменува и министерската функција во здравство, која ѝ припоаѓа на Алтернатива, од партијата на Гаши за МКД.мк велат:
„Ние немаме намера да преговараме преку медиуми, како некои други партии. Имаме принципиелен став: кој има проблем, тој треба да ја поднесе цената за да си го реши проблемот. Најпроблематично во целиот овој процес е што начинот на кој се водат овие разговори, само го разводнува целиот блок партии кои се за ЕУ интеграции“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.