Алтернатива реагира на најновите случувања во кои се инволвирани внуците на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Само неколку дена откако 24-годишниот внук на Али Ахмети го купи комерцијалниот центар „Соравија“, уште еден внук на Али Ахмети е именуван за прв секретар во амбасадата на Македонија во Брисел. По Дрин Ахмети,за кој се покажало дека има „посебни деловни вештини“, другиот внук Бесијан Ахмети испадна дека има „посебни дипломатски вештини“ и толку многу што е пратен во дипломатијата без оглед на неговиот стаж од помалку од една година и дипломатското искуство „нула“. Се разбира, како што изгледа, во овие случаи поважно од сè е презимето Ахмети и семејната врска со Али Ахмети.
Наместо Бујар Османи да ги унапреди и да испрати десетици Албанци со искуство во дипломатијата, кои со години се вртат по ходниците на МНР и ги игнорира, зема многу млад и неискусен кадар и го испраќа во центарот на дипломатијата. Ова е штетно за дипломатијата на нашата држава и е лоша слика за Македонија, но е и депресивна за секој млад Албанец кому чичко не му е Али Ахмети и кој нема презиме Ахмети. Затоа, не можеме а да не прашаме колку внуци има Ахмети? – прашуваат од Алтернатива барајќи одговорност за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.