Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога западните дипломати доаѓаат во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово велат од Алтернатива.

Ништо повеќе. Само толку. Тие што го бараат тоа од Косово се наши западни сојузници, излегува дека таа заедница е во духот на западните вредности. Да направиме и ние во Македонија една таква заедница во тој западен дух. Еве една кауза врз која може да се обединиме сите албански партии, дури и Алтернатива, која нема своја општина. Да ја започнеме уште денеска Заедницата на албанските општини во Македонија. Добар реципроцитет и, воедно, европски, нели. Можеби на тој начин доаѓаме и кај темата на јазичен реципроцитет помеѓу албанскиот јазик во Македонија и српскиот јазик во Косово се наведува во соопштението од Алтернатива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.