Алијанса за Албанците денеска во Скопје ќе го одржи партиското Централното собрание на кое ќе биде констатирана оставката на Зијадин Села.

На Собранието треба да биде избран новиот в.д. претседател на Алијансата за Албанците.

На 21 август годинава Села си даде оставка по слабите резултати на последните избори за советници во Советот на Општина Тетово, на кои Алијансата за Албанците не освои ниту еден мандат. Села тогаш најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот тоа право го има само двапати. Села на функцијата прв човек на АА беше реизбран на Конгресот одржан на 27 март годинава.

Исто така, на Собранието се очекува да се расправа и за оставката на пратеничката Иљире Даути од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.