Во специјално видеообраќање на македонски јазик лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го честиташе Денот на сесловенските просветители и порача дека во духот на мултикултурализмот имаме заедничка обврска да го негуваме македонскиот јазик.
„Почитувани мои сограѓани, нека е честит денот на словенските просветители Кирил и Методиј! Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик кој претставува израз на посебноста на македонскиот народ и нашите сограѓани Македонци! Во духот на мултиетничкото општество кое заеднички го градиме, да се потсетиме на овој важен ден, дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредиме меѓународната артикулација на македонскиот јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет. Нека е среќен и честит празникот!“, вели Ахмети во видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.