Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во разговорите за уставни измени, му порача пратеничката Иванка Василевска на вицепремиерот Бојан Маричиќ. Маричиќ рече дека ако не продолжи дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ, тие од СДСМ ќе тргнат да разговараат со секој еден пратеник од опозицијата.

Не верувам дека кај мене ќе се јави вицепремиерот. Но, и да се јави кај било кој од колегите мислам дека ќе го добие истиот договор. Мислам дека и претседателот Мицкоски кажа многу јасно ако е Димитар Ковачевски е толку сигурен нека го стави тоа на дневен ред во Собрание, нека се покаже, ќе се преброиме и ќе видиме колку сме и што сме, рече денес Василевска.

Василевска потенцираше дека веќе една година во Собранието неколку пратеници од владејачкото мнозинство се изјасниле дека нема да подржат Уставни измени и дека тоа е против нивните принципи и убедувања.

Тенка им е работата. Ќе ви кажам нешто други што провејува во Собранието изминатите неколку месеци можеби и година. Неколку пратеници од владејачкото мнозинство децидно се изјаснија дека нема да го подржат тоа, дека тоа е против нивните принципи и убедувања. Значи тие во нивното јато, во нивниот двор немаат единствен став, а не па сега ќе доаѓаат кај нас, кажа таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.