Ако министерот Меџити заврши со турнеја по светот, може да се заложи за довршување на молерисувањето на Клиниката за неврологија, која само до половина е молерисана, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
❗️Доколку Меџити се прибра од патувањата по светот, може да се зафати за работа и за почеток да продолжи со молерисување на Клиниката за неврологија од каде и самиот доаѓа.
❗️❗️ Клиниката е молерисана само до половина како што може да се види на фотографиите и вака молерисана само до половина стои веќе неколку месеци.
❗️Кога веќе не е приоритет изградба на новиот Клинички и цели 7️⃣ години Влада на СДС и ДУИ со прст не мрдна за оваа клучна капитална инвестиција, ако не можат вистински да се фатат за работа, можат барем да продолжат со молерисување на другата половина на Клиниката за неврологија.
➡️Овие 7️⃣ години гледаме само закрпувања, а не вистинско зајакнување на инфраструктурата во јавното здравство што очигледно не е приоритет на Владата.
➡️Показател за тоа е и буџетот на Министерството за здравство за 2024 год кој не предвидува инвестиции во овој сегмент.
➡️За негрижата и недостигот на централно инвестирање конкретно на Клиниката за неврологија говори фактот дека од донации од приватни компании е обезбедена и поголем дел од промовираната опрема на оваа Клиника изминатиот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.