Со новиот закон,чиј предлагач е Министерството за правда , канцеларијата за поврат на имот ќе има надлежност да презема активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство во врска со домашен државјанин или резидент во Македонија, лице без државјанство или странец, како и за потребите на постапката за конфискација без утврдување на кривична одговорност регулирана согласно закон, што произлегле или се во врска со кривичните дела опфатени со член 6 од овој закон.

Со неговото донесување и функционирање на канцеларијата за поврат на имот согласно меѓународните стандарди ќе се преземат значајни активности за добивање информации и податоци за пронаоѓање и идентификување приноси и друг имот или имотна корист во земјата или странство. Со законот се уредува основањето, надлежностите, организациската структура и финансирањето на канцеларијата за поврат на имот, соработката со домашни органи и институции, соработката со странски држави и електронската интегрирана база на податоци.

Предлог законот ќе влезе во собраниска процедура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.