Високо профилиран функционер на СДСМ деновиве упатил порака до актуелни и бивши највисоки партиски функционери дека не планира сам да преземе одговорност за криминалот и корупцијата која се случувала и се уште се случува во институциите под контрола на владата, открива „Експрес“.
Како што пишува порталот, функционерот кој деновиве е под силен притисок од обвинителството, својата пораката пред се ја упатува до двете крила на СДСМ кои се контролираат од Струмица и Куманово но и до членови на скопското крило кое знаело или биле дел од голем број спорни настани.
Функционерот, според партиски извори на „Експрес“ се чувствувал предаден затоа што дел од неговите „активности” биле координирани со актуелни и екс највисоки функционери а сега тие се оградувале од него. Тој тврдел дека употребата на институцијата што ја вршел со знаење на „повисоките” инстанци не претставувала криминал и туку обезбедувала средства за други законски цели кои поради „специфичноста” не можеле да бидат финансирани од редовниот буџет.
Интервенцијата на повисоки кругови во јавното обвинителство кое направило обид да го спаси со ревизија на неговиот случај го сметал за позитивна реакција на неговата партија но не и доволна затоа што очекувал итна смена на обвинител кој го гони. Добро упатени партиските извори тврдат дека тој е решен да оди до крај и дека ако не биде запрен прогонот кон него тој ќе открие работи кои треба да замислат многумина во врвот на СДСМ, пишува „Експрес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.