По излагањето на францускиот претседател  Емануел Макрон и по говорот на претседателот на Европскиот совет Жан Мишел во Словенија станува јасно во кој правец ќе се движи членството на регионот во Унијата.

Најважното е дека на членство во 2030 година можеме да заборавиме и дека тоа беше само една убава бонбона која ја проголтаа политичарите од регионот а која им ја потурија европските челници.Не умри магаре до зелена трева.

Макрон е барем искрен и вели дека  „ЕУ можеби треба да еволуира кон унија со „повеќе брзини“ додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан“.

Ако зборовите од човекот кој ни го потури бугарскиот предлог како француски не бидат отрезнувачки за власта не знам  што може да биде повеќе.

Преведено од дипломатски во народен речник тоа значи ова.

ЕУ прво внатре ќе се реформира па ќе размислува за проширување. Македонија, Црна Гора, Србија, а сега и Украина и Молдавија најмногу што може да добијат е едно столче и еден глас.

И без право на вето се разбира. Значи ќе има е ЕУ за богати и ЕУ за сиромашни односно втора лига запад.

Кога-тоа само господ знае и оние во Брисел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.