Лидерот на Демократска унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во придружба на Артан Груби попладнево пристигна во Тирана на средба со премиерот на Албанија, Еди Рама, пренесува ТВ21.

Пред вечерашната средба со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана во изјава за ТВ21 рече дека средбата е пријателска и братска.

На прашањето за темите за кои ќе се разговара на оваа средба, тој одговори дека ќе ги видат на средбата, но повеќе ќе се фокусира на зајакнување на заедничката стратегија кон ЕУ.

Средбата е пријателска, братска. Ќе ги видиме темите. Сите теми кои се важни, особено ме интересира градење и зајакнување на заедничката стратегија за приближување на патот кон Европската унија. Ова е исклучително важна мисија за нашата земја. Зајакнување на мирот, стабилноста и напредокот на економијата, рече Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.