Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендов во Сопот отворил музеј во кој главен експонат е знаме со карта на Голема Албанија со делови на Македонија, Србија и Грција. Истата картата е изгравирана и на мермерна плоча пред влезот на самиот објект.

На Фејсбук Ахмети објаснува дека се работи за спомен обележје на 64 убиени Албанци во 1944, но во музејот се изложени фотографии и од команданти на УЧК од Косово како Адем Јашари, но и ликови од воениот конфликт во Македонија, вклучително и самиот Ахмети во униформа.

Картата на Голема Албанија не е единствената провокација. Во медиумите се пренесува дел од говорот на Ахмети во кој тој наводно зборува дека идејата била Албанија без граници, но дека подоцна политиките се промениле, па било одбрано Албанците да бидат господари во оваа земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.