Потпретседателот на движењето Беса, Фатмир Лимани преку Фејсбук најави дека ќе пишува и открива „вистини и криминали за бизнисот со Лотарија и казината“.
Со наслов „Казината и молзењето на луѓето”, Лимани на фејсбук Али Ахмети го именува по неговиот прекар Абаз Џука, па вели:
● Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства!
● Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!?
● Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!?
● Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?!
*ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии….
Во разговор за МКД.мк Лимани, инаку внук на Ахмети, објаснува дека целта на лидерот на ДУИ е партијата да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи” пари и каде е вносно да се има свој „удел”. Лимани објаснува по барање на Ахмети за директор на Лотарија беше поставен Перпарим Бајрами, инаку близок соработник на Артан Груби.
Која е причината што влегуваат во Лотарија? Треба да се знае дека лиценците за казината ги даваат директорот на Лотарија и Министерството за финансии, каде министер е од ДУИ. Тие две институции не се случајно земени од ДУИ, нагласува Лимани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.