Премиерот Ковачевски не успеал да дознае зошто албанскиот премиер Рама во вторник свикал средба „Тиранска платформа 2″.

Како што објавија дел од медиумите, повикувајќи се на извори во албанскиот политички блок, Ковачевски и високи функционери на СДСМ завчера и вчера обиделе да дознаат што е темата на средбата на која Рама ги покани само албанските политички фактори но не и македонскиот премиер кој води партија за која гласаат многу Албанци.

Одговор немало ниту од министерот за надворешни работи Османи кој официјално комуницира со Тирана и владата на Рама.

Врвот на СДСМ не добил одговор што ќе се зборува во Тирана затоа што наводно и во ДУИ не знаат точно што е на агендата во вторник.

Премиерот и лидер на СДСМ добил уверување дека во Тирана нема да се зборува за федерализација туку за правата на Албанците во Македонија и иднината на земјата.

Од ДУИ и од уште една партија од албанскиот политички блок му било речено дека Ковачевски не е повикан во Тирана затоа што Албанците веќе не гласеле за СДСМ и затоа немало потреба да биде викнат на сеалбанска средба.

Од СДСМ нема официјална реакција за мешањето на официјална Тирана и пријателот на Ковачевски Рама во македонските внатрешни политички работи на средбата наречен „Тиранска платформа 2.0″



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.