Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави и до американскиот народ.

Очите на целиот свет се насочени кон Соединетите Американски Држави каде се гласаше за 47-ми претседател на водечката земја во демократскиот свет. Американските гласачи се определија за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон, вели Ахмети во честитката.

Му честитам на американскиот народ и на претседателот Трамп за неговиот денешен избор, додава Ахмети, и како што вели, го споделува уверувањето дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и секогаш за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа. 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.