Африм Гаши, еден од челниците на коалцијата „Вреди“ очекува Македонија да добие нова влада до средината на јуни.
Заложба за побрзо формирање Влада е и на „Вреди“ и на ВМРО ДПМНЕ, изјави Гаши во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.
Денеска или утре ќе се формира работна група, можеби прво уште еднаш ќе разговараме на ниво на претседатели на партии, а потоа на ниво на генерални секретари или потпретседатели – кажа Гаши.
Јас мислам дека до средина на јуни ќе има влада, ценам по првиот разговор кој го водевме. Ако така одат работите, мислам дека брзо ќе биде“, рече Гаши.
Гаши вели дека идејата на ВМРО-ДПМНЕ за реорганизација на министерствата е прифатлива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.