Тие кои имаат полна уста со реторика за интеграции и обвинувања кон другите за Русија, се демаскираа на најскандалозен начин. Во пресрет на 20-годишнината од нивната партија, претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација соработници на Рамазан Кадиров на 70-годишнината од таткото на прорускиот лидер. Сето ова се случи во Собранието на Македонија, највисоката законодавна институција на земја членка на НАТО, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците по информациите дека Џафери лани примил делегација на руската Чеченска Република.
„Се гледа дека луѓето на Кадиров и Џафери се прегрнати, иако овој се обиде да ја сокрие средбата со тоа што не ја објави на официјалната веб-страница на Собранието. Работите да бидат уште полоши, еден од соработниците на Кадиров, кој ги објави фотографиите, ја опишува војната од 2001 година како верска војна, додека на Џафери не му пречат споредбите со проруските команданти на Чеченија“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.